Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Од:

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа на свеченото отворање на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ нагласила дека оваа манифестација е македонски културен и уметнички бренд, кој го негува и промовира космополитскиот дух на Битола.

– И годинава Малиот битолски Монмартр е средиште каде што младите уметници од земјава и од светот, се запознаваат, се дружат, разменуваат искуства, учат едни за други и за земјите од каде што доаѓаат, рекла министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека на овој начин младите ја развиваат љубовта кон уметноста, ги шират идеите за обединост, за пријателство, за надминување и прифаќање на различностите.

Како што соопштија од Министерството за кулутра, таа истакнала дека за оваа година, проектите на „Мал битолски Монмартр“ добиле досега највисока сума на поддршка од 240 илјади денари, од Министерството за култура. 

– Министерството за култура секоја година е партнер на „Малиот битолски Монмартр“ и во континуитет финансиски ги поддржува проектите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола“, посочила Костадиновска-Стојчевска. 

Укажала дека успесите и влијанието што ги има „Малиот битолски Монмартр“ се влог и поттик за Министерството за култура за натамошна засилена поддршка на фестивалот на кој победуваат децата, нивната искреност и креативнот.

Министерката на платото „Монмартр“, во старата битолска чаршија, им честитала на сите учесници, домашни и странски, како и на добитниците на Гран При наградата, од Кина, изразувајќи уверување дека ова ќе биде „уште едно незаборавно издание на „Малиот битолски Монмартр“, од каде што ќе се родат трајни пријателства“.

Денеска се одбележуваат 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. На „Монмартр“ годинава ќе присуствуваат 20 делегации со над 120 учесници од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија и други. 

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Отворена меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Во Битола почина Коста Хаџиантоновски творецот на Мал Битолски Монмартр

Катерина Ѓуровски