Истрага на МВР: Жена од Кочани е осомничена за измама, позајмувала пари и не ги враќала

Од:

МВР започна истрага за измама, дело, кое наводно го сторила жена од Кочани.

Според полицијата, на 22 овој месец, во полициската станица Кочани, две жени на возраст од 47 и 52 години и 75-годишник, сите од Кочани, пријавиле засебни случаи на измама од страна на Х.Д. од Кочани, извршени во текот на 2022 година.

Според пријавеното, таа во различни периоди дошла во нивните домови и им барала пари на заем под разни изговори, при што од нив земала соодветно 500, 400 и 300 евра, но до моментот на пријавување не им ги вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Украина ќе остане без пари за две недели

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари