Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Од:

Загуби на вода од 60% и не уплатени надоместоци во Буџетот на државата во износ од три милиони евра покажа ревизијата на Државниот завод за ревизија на ЈП Водовод и канализација Скопје за 2021 година.

Од вкупно 295.700 корисници на вода ЈП Водовод нема склучено договор со 30% од корисниците, односно со 89.634 корисници, што ја отежнува наплатата за извршените услуги.

Според анализата на ДЗР, во период од 2017 до 2021 година трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови кон ЈП Водово и канализација Скопје изнесуваат приближно осум милиони евра, а судските трошоци околу 380.000 евра.

Со извршената ревизија финансиските извештаи констатирано е дека не е извршена уплата на надоместок за користење на води и за испуштање во води на трезорската сметка во Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 185.543 илјади денари и меѓудругото е утврдено дека:

– со 30% од корисниците на услугите на јавното претпријатие не се склучени договори, поради што меѓусебните права и обврски со нив не се регулирани;

– новите вработувањата не се спроведуваат по претходно обезбедени известувања за обезбедени финансиски средства од надлежните органи;

– во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија не е извршен упис на основната главнина на претпријатието како основачки влог;

– нерегулирани права на сопственост во АКН за земјиштето и дел од градежните објекти кои во деловните книги се евидентирани со вредност од 100.729 илјади денари, односно 1,6 милиони евра неевидентирани објекти во сметководствената и материјална евиденција, неусогласена материјална евиденција за линиските објекти со податоците од имотните и евидентните листови, како и земјиште и објекти, кои се евидентирани во сметководствената евиденција, но за истите не се обезбедени уредни и веродостојни документи со што не може да се потврди нивната точност, површина и сопственост.

– утврдени се неправилности во начинот на пресметка на платата за административните службеници;

– не се врши соодветно разграничување на трошоците за регрес, односно резервирање на трошоците за отпремнина во временскиот период кога настанале што влијае на реално и објективно прикажување на обврските и расходите;

– утврдена е загуба на вода во системот за водоснабдување која изнесува 60% од
произведената вода и

– утврдени се неправилности во начинот на доделување на договорите за ЈН.

Во делот Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата ги истакна следните прашања кои се однесуваат на:

– пониско утврдената цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост во однос на цената која е определена да ја плаќаат субјектите во категоријата стопанство;

– последователно именување на три лица за в.д. директор без објавување на јавен оглас;

– запишано право на залог (хипотека) на административната зграда и земјиште;

– судските постапки во кои ЈП Водовод и канализација Скопје се јавува како тужител и тужен и

– преземените мерки за наплата на сметките и фактурите за потрошена вода, подигнат смет и надомест за одржување на јавното градско зеленило кои не се платени од страна на домаќинствата и субјектите од стопанството, како и анализа на трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители.

Би можело да ве интересира

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле не е во наша надлежност

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

(ВИДЕО) Арсовска: Инспектор од МВР со див приклучок за вода ја нападна советничката Витина

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски