Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Од:

Во Битола пристигнаа над 120 млади ликовни уметници и ликовни педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија ќе учествуваат на 42. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр”.

Свеченото отворање е закажано за вечер од 19 часот пред платото на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, во старата битолска чаршија каде ќе се одбележат 55 години од основањето на студиото, ќе биде отворена 41. Меѓународна ликовна изложба и ќе биде доделена наградата Гран при што им припадна на младите ликовни творци од Хонг Конг, Кина.

Според програмата, учесниците освен во Битола ќе престојуваат и сликаат во Охрид и манастирот Свети Јован Бигорски, а ќе приредат и две посебни ликовни изложби кои ќе бидат поставени во конзулатите на Република Грција и Република Бугарија во Битола.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Отворена меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Во Битола почина Коста Хаџиантоновски творецот на Мал Битолски Монмартр

Катерина Ѓуровски