Шкотските навивачи донираа хуманитарна помош за Дневниот центар „Снежана“

Од:

Донација од пет илјади фунти предаде денеска делегација на хуманитарната организација на навивачите на фудбалската репрезентација на Шкотска Tartan Army Children`s Charity на Дневниот центар „Снежана“ во Шуто Оризари, Скопје, кој згрижува деца од улица.

Менаџерот на шкотскиот национален тим и патрон на активностите на шкотските навивачи насочени во хуманитарни цели Гордон Стракан изјави дека тие имаат долга и успешна историја на соработка со хуманитарни организации во Шкотска и во странство, која има за цел помош и поддршка на деца со попречености во услови кога таа им е потребна.

– Тартан армијата е позната низ светот по нивното добро однесување и хуманитарната работа. Нашата донација на Центарот „Снежана“ е уште еден пример на добрата работа што тие ја прават во ширење на позитивната слика за Тартан армијата и за Шкотска, посочи Стракан.

Tartan Army Children`s Charity е хуманитарна организација  основана и раководена од шкотските фудбалски фанови на волонтерска основа со цел да помогнат на децата со попречености секаде каде што шкотскиот фудбалски тим настапува – дома, односно во странство. Од 2006 година досега организацијата има собрано преку 650 илјади фунти за децата со попречености кои се донирани за 20 проекти во 12 земји.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски