Тројца тинејџери загинаа во тешка сообраќајка во Шкотска

Од:

Тројца тинејџери загинаа синоќа во тешка сообраќајна несреќа во Шкотска. Несреќата се случила кога автомобил „форд фиеста“ во која се возеле излетал од патот, јавува Скај њуз.

Службите за итни случаи биле повикани на несреќата на автопатот А830, јужно од Арисаиг, околу 23:15 часот. По пристигнувањето на местото на несреќата, можеле да ја констатираат смртта на три млади лица – возачот и двајца патници.

Иако сè уште не е извршена формална идентификација, полицијата на Шкотска соопшти дека се верува дека сите три жртви се млади мажи во тинејџерски години.

– Нашите мисли се со семејствата и пријателите на луѓето што загинаа во оваа несреќа – рече локалниот инспектор.

Тој истакна дека истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности што доведоа до трагедијата.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он