14-годишен ученик од Манаус со молив избоде другарка од одделението која му се насмеа кога погрешно изговорил збор, за време на училишна презентација.
Student stabs classmate with a pencil for making fun of him
Was allegedly in Brazil pic.twitter.com/fC30Fqa7EI
— Levandov (@blabla112345) May 13, 2023
На шокантната снимка од Бразил може да се види како млад човек мирно држи плакат заедно со уште пет соученици, но ненадејно приоѓа и со молив ја напаѓа изненадената девојка. Најмалку пет пати ја прободел во главата и телото пред да биде сопрен.
Инцидентот се случил на 8 мај.
На снимката се гледа и дека ученичката која седела во првиот ред, ставила џемпер преку лицето пред да биде избодена неколку пати.
Шокираните соученици се слушаат како викаат додека едно од момчињата, кое исто така било дел од научниот проект, скокнало за да го спречи напаѓачот.