ФОТО: Македонците го „сардисаа“ Егејот

Од:

Топлото време и продолжениот викенд за Денот на независноста однесе околу 15.000 македонски граѓани на продолжен празничен престој во Грција.

Изминативе три дена, од саботата до понеделникот, низ граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ границата ја преминале вкупно 53.790 патници, од кои на излез од државата, а на влез во Република Грција, регистрирани се вкупно  26.989 патнички премини. Од тоа 49,7 отсто се патувања од страна на македонски државјани.

T3

Најголем патнички трансфер кон нашиот јужен сосед беше забележано во текот на саботата, со регистрирани 16.450 патувања, од кои близу 5.000 македонски граѓани одбрале празниците да ги поминат на плажите од егејското крајбрежје.

Граничните работници подготвено го дочекаа налетот од возила од  шест часот изутрината, па сè до попладневните часови, кога за влез во Грција беа отворени намeсто вообичаените шест, дополнително уште две патни ленти од влезната страна кон Македонија, која се отвори за излез кон Грција.

Чекањето беше неизбежно, но, сепак, за 30-40 минути можеше да се помине македонската гранична рампа. Кај Грците постапката на документациски прегледи беше подолга, а лентите за влез само четири, па чекањето се оддолжуваше од 50 минути до еден час.

T3

Само половината од вкупно упатените 15.000 македонски посетители на јужното соседство се вратиле во текот на изминативе три дена во државата, а останатите го продолжиле престојот во Грција.

Грчките туристички работници и угостители подоготвено го дочекаа новиот туристички бран. Веќе знаејќи дека е државен празник во Македонија, ги зголемија и цените за сместување, иако во септември тие се двојно пониски од вообичаеното.

T3

Наместо 50 евра за апартман, можеше да се најде сместување за 25-30 евра, но досетливите грчки туристички работници бараа да наплатат и по 15 евра од човек.

T3

„Знаеме, сега ќе дојдете за 11 Октомври повторно“, одговараат грчките хотелиери, кои веќе водат дневен календар на посетители од Македонија.

А.Д.




Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он