Честитка од 3.000 денари од градоначалникот Сашко Митовски за матурантите во Крива Паланка

Од:

Mатурантите од единственото средно училиште во Крива Паланка, СОУ “Ѓорче Петров” добија по 3.000 денари од буџетот на општината како честитка од градоначалникот Сашко Митовски за тоа што завршиле средно образование.

„Во знак на поддршка на младите и субвенционирање на млади лица од општината, денес на сметките на сите матуранти од средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, Крива Паланка префрлени се средствата предвидени со новaта мерка, воведена од оваа година, 3000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на овој начин им ја честита матурата и рече дека за првпат годинава се поддржани матурантите, со еден придонес кон претстојната прослава на нивната матурска вечер“, објави општината.

-Влогот во младите е влог во сигурна перспектива на општината и државата. Како општина,една од првите во државата донесовме програма за млади, а од буџетот за 2023 издвоивме средства за директни субвенции на младите преку повеќе мерки, меѓу кои и за матуранти. Денес на сметките на сите матуранти од нашиот град, од СОУ “Ѓорче Петров”, како честитка за претстојната матурска прослава, префрлени се средствата од предвидените субвенции за нив – по 3000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, мерка воведена за првпат од оваа година, рече Митовски.

Крива Паланка покрај ова субвенционира и набавка на дигитални уреди за младите, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он