Вељаноски се сретна со полскиот претседател Коморовски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со полскиот претседател Бронислав Коморовски.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, претседателот на Собранието го запознал својот соговорник со актуелните политички состојби во државата и успешно спроведените локални избори.

– Претседателот на македонското Собрание на средбата искажа задоволство и благодарност за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска.  Во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија, Вељаноски  истакна дека бурните времиња на Балканот се зад нас и граѓаните од регионот гледаат напред во европската иднина и перспектива на сите држави од Балканот. Во текот на разговорите, Вељаноски, исто така, потенцираше дека интеграцијата на целиот регион ќе биде значаен фактор за стабилизација на Европа, нагласувајќи дека Република Македонија ги спроведува сите неопходни реформи, и преку законодавниот дом и во целина, се вели во денешното соопштение.

Претседателот Коморовски нагласил дека Полска постојано го поддржува процесот на проширување на ЕУ, особено на проширувањето кое го опфаќа Балканот.

– Политичарите и граѓаните на Полска знаат колку е комплициран интегративниот процес како и реформите во таа насока, и оттука Коморовски му честита на претседателот на Собранието Вељаноски за досега спроведените реформи во насока на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека улогата на парламентот е клучна во секоја демократска држава и во процесот на интегрирање на државата, се додава во соопштението.

На средбата станало збор и за соработката во сферата на земјоделството, каде Република Полска е подготвена да ги сподели своите искуства, особено затоа што по нејзиниот влез во ЕУ, најголемите придобивки се чувствуваат токму во селските средини, а нејзините производи се широко застапени на европските пазари.

Двајцата соговорници се согласиле дека парламентарните односи се на задоволително ниво, но дека треба да се унапредат и реализираат и на највисоко ниво, за што обострано изразиле увереност дека ќе се случи во најскора иднина.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска