Двајца Палестинци загинаа во израелска операција

Од:

Двајца мажи беа убиени во израелска воена операција во близина на Наблус на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, а Израел ја отфрли можноста за прекин на огнот додека палестинската страна не престане со ракетниот оган што може да престане кога милитантите ќе ги испразнат резервите, јавуваат агенциите.

Израел започна воздушни напади врз Газа и милитантите повторно истрелаа ракети врз Израел во саботата, додека смртоносните борби продолжија по релативно мирната ноќ, и покрај напорите да се обезбеди прекин на огнот според новиот предлог за прекин на огнот објавен од Египет во петокот, посредник меѓу две страни.

Според очевидци во Газа, израелската армија извршила воздушни напади врз ненаселени области во густо населената енклава, а сирените за воздушен напад се огласиле во соседните делови на Израел.

Размената на оган се случи откако палестинското Министерство за здравство јави за смртта на двајца мажи, на возраст од 19 и 32 години, во напад на израелската армија врз бегалски камп во окупираниот град Наблус на Западниот Брег.

Министерството за здравство во саботата соопшти дека се повредени уште три лица, меѓу кои и една жена на 50-годишна возраст, која била застрелана повеќекратно.

Според палестинските наводи, израелската војска ја опколила куќата во која наводно имало неколку барани лица. Според извештаите, загинатите и повредените не се лица по кои трагаат израелските сили.

Израелската армија објави дека се работи за „контратерористичка операција“ против оперативци кои планирале напади врз војници, пишува AFP.

„Вооружени лица пукаа кон (израелските) сили, кои одговорија со средства за расчистување на нередите. Мета беа двајца терористи“, се вели во соопштението.

Движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас соопшти дека двајцата убиени во нападот биле членови на неговото вооружено крило, Бригадата на мачениците Ал Акса.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа