Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вели дека e загрижен од она што го слушнал за време на неговата посета на северот на Косово и рече дека е неопходно да се избегне каква било можност за ескалација и целосно да се фокусира на нормализација.
Лајчак на Твитер изјави дека му е важно да го посети северот на Косово и да разговара со различни соговорници за да добие впечаток од прва рака за моменталната ситуација.
„Она што го слушнав ме загрижи. Мораме да избегнеме каква било можност за ескалација и целосно да се фокусираме на нормализацијата“, рече Лајчак.