Премиерот Груевски и министерот Тодоров ја посетија Детската клиника

Од:

Премиерот Никола Греувски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посетија Детската клиника во Скопје каде што завршија градежните работи во рамки на реновирањето и сериозното подигнување на нејзиниот стандард.

Министерот Тодоров информираше дека за годинa и пол се инвестирани над 110 милиони или приближно 2 милиони евра, а само реконструкцијата на постојните 22 и нови 40 тоалети, како и промената на сите прозори и лифтовите чини 55 милиони денари. Набавени се и нови 220 кревети, а во тек се и други градежни работи, меѓу кои и Ургентниот центар инвестиција од околу 250 илјади евра.

– На овој начин правиме сериозни чекори во правец на подигнување на стандардите на Детската клиника, а резултатите се веќе видливи, изјави министерот Тодоров, потенцирајќи оти на дело се гледа посветеноста на Владата и нејзината фокусираност на здравството имајќи предвид дека многу одамна Детската клиника немала инвестиција од 2 милиони евра за година и половина.

Според директорката на Детската клиника Аспасија Софијанова на интензивна нега на оваа клиника годишно се спасуваат околу 400 детски животи, но вкупниот број, истакна, е многу поголем.

– Довербата кај родителите е зголемена и според статистичките податоци оваа година во овој период една третина се повеќе пријавени пациенти кои имаат потреба да дојдат со одредена проблематика, изјави Софијанова, додавајќи оти целта е Детската клиника да прерасне во регионален центар.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството