Нов апарат за ултразвучен преглед кај новороденчиња во Клиниката за детски болести

Од:

Клиниката за детски болести од Скопје доби донација од апарат за ултразвучен преглед со кој ќе се врши преглед на мозочните структури кај новороденчиња и доенчиња преку физиолочките отвори меѓу коските и черепот. Донацијата е обезбедена од Стопанска банка АД-Скопје.

– Колку побрзо ќе стигнеме до дијагнозата толку побрзо ќе можеме и ние да интеревенираме за да не дојде до трајни последици на детето. Знаеме колку е значаен првиот момент на нивното преживување без трајни последици, рече директорката на Детската клиника Аспасија Софијанова истакнувајќи го значењето на навременото дијагностицирање на болестите уште од најрана возраст.

Професорот Филип Дума рече дека методата кај нас се работи од 1986 година, а првиот апарат клиниката го има од 1995 година, но како што рече, новиот апарат што го донира Стопанска банка е во рамките на совршенството.

-Методата е ултра звук на централниот нервен систем и доплер испитување на централниот нервен систем кај новороденчиња и доенчиња и е дел од дијагностичките методи кои се испитуваат за дијагностицирање на патологијата на централниот нервен систем, рече Дума.

Тој нагласи дека апаратот марка 6C2P на “Shenzhen Mindray Elektronics” е посебно значаен во интезивната нега и во раната неонатална возраст да се предвиди оштетување на централниот нервен систем и да се интервенира навремено за да се отсранат тие оштетувања.
Директорот на Стопанска банка Диомидис Николетополус истакна дека Банката како корпоативен субјект во Македонија секогаш наоѓа начини да им врати на своите граѓани.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството