Ковачевски на средба со Блинкен: С. Македонија ги цени САД како близок и сигурен партнер на нашиот пат кон членство во ЕУ

Од:

САД гледаат цврст пријател во Северна Македонија, која е многу ценет сојузник во НАТО во време кога тоа навистина значи, и благодарни сме на солидарноста, лидерството за Украина, за дадената помош за нејзина одбрана од руската агресија, изјави синоќа државниот секретар Ентони Блинкен.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски деновиве е во официјална посета на Вашингтон и пред средбата со неговиот американски колега што синоќа сe одржа во Стејт департменот, двајцата дадоа изјава за новинарите.

-Односите меѓу Соединетите Држави и Северна Македонија се повеќестрани, силни и пред сѐ, засновани на вредности, истакна премиерот Ковачевски.

Toj рече дека „благодарејќи на ова стратешко партнерство, Северна Македонија во изминатите децении е во можност да донесе мошне тешки, но храбри одлуки, и овие визионерски одлуки ја внесија земјата во НАТО, овозможија отварање на пристапните преговори со Европската Унија и претседавање со ОБСЕ во текот на најтешката година во Европа по Втората светск војна“.

Блинкен од своја страна истакна дека САД длабоко го ценат лидерството на Северна Македонија во „ова мошне тешко време за ОБСЕ, и со тоа влијаат позитивно на состојбите“.

-Претстојат обемни разговори за сѐ што споменав, но и за подобрување на такви нешта како поголема енергетска сигурност во регионот и за Северна Македонија. Работи што треба да се завршат и се мошне витални во борбата со лажната информација и дезинформацијата, изјави Блинкен.

Ковачевски рече дека САД и Република Северна Македонија споделуваат исти системи на вредности.

-Затоа ние стоиме зад нашата одлука да ја поддржима Украина во нејзината борба за слобода и во нејзините напори да го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет. Затоа ја израмнивме на 100 отсто нашата надворешна политика со надворешната политика на Европската Унија на првиот ден од бруталниот напад на Русија врз Украина. И се докажавме како сигурен партнер на НАТО, изјави Ковачевски.

-Северна Македонија ги цени САД како близок и сигурен пријател, како НАТО сојузник и сигурен партнер на нашиот пат кон членство во Европската Унија, и признава дека се фактор на стабилност во регионот, додаде македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа