Не постои човек кој следи фудбал, а кој не слушнал за легендарниот стадион во Аргентина, кој популарно го нарекуваат „Бомбоњера“.
Тој стадион е дом на фудбалерите на Боке Јуниорс и низ историјата таму се играле бројни легендарни натпревари, а таму играле и уште повеќе легендарни играчи.
Сега, според некои најави, овој стадион би можел да замине во историјата.
Имено, раководството на Бока Јуниорс се подготвува за изградба на нов, поголем, помодерен стадион, кој симболично би се викал „Нова Бомбоњера“.
Тој нов стадион треба да има речиси двојно поголем капацитет. Имено, сегашниот стадион собира 54.000 гледачи, а новиот треба да прими 112.000 гледачи. Со оглед на армијата навивачи што ги има Бока, тој ќе биде полн, но прашање е дали ќе ја има душата и акустика на актуелната Бомбоњера.