Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој ноќеска го загуби финалето на УС Опен од шпанскиот тенисер Рафаел Надал, го призна поразот и му честиташе на противникот за освоениот трофеј.
– Рафа беше премногу добар. Заслужено го освои овој трофеј. Кога доаѓа да ве гледа шпанската кралица тогаш „капата доле“. Голема е привилегијата да се бориш за овој трофеј. Се враќам следната година, изјави Ѓоковиќ во обраќањето по завршување на финалето во Њујорк.
Надал кој победи со 3:0 – по сетови 6:2, 3:6, 6:4, 6:1, ги возврати комплиментите за играта на својот противник.
– Секогаш е посебно чувството да се игра против Новак. Никој не може толку да го подигне моето ниво на игра како тој. Неверојатен играч си и сигурен сум дека ќе ја завршиш кариерата како еден од најдобрите тенисери во историјата, рече Надал.
Со 13.та Грен слем титула Надал се искачи на третото место на вечната листа, веднаш зад Рожер Федерер (17 тирули) и Пит Сампрас (14).