МВР не му дозволи влез на бугарскиот европратеник Ковачев во земјата

Од:

На европратеникот Андреј Ковачев не му беше дозволен влез во Северна Македонија, јавува БТВ.

„Секоја година, на 6 мај, го почитуваме споменот на бугарските војници загинати и принесуваме цвеќе на Споменикот во Ново Село. Денеска заедно со Милен Врабевски не ни беше дозволен влез во Северна Македонија без никакво објаснување“, рече тој.

Вработените на граничниот премин „Златарево“ од македонска страна на европратеникот од ГЕРБ/ЕНП му порачаа дека има 24 часовна забрана за влез во државата.

Тој изрази длабоко разочарување бидејќи овие акции доаѓаат во позадина на веќе влошените односи меѓу двете земји.

Ковачев изјави дека се обидува да стапи во контакт со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, но не успеал.

Тој тврди дека уште најмалку четворица Бугари биле вратени од граница откако не биле примени во РСМ.

Потсетуваме, денеска, по повод Ѓурѓовден, на воениот споменик во Ново Село во РСМ беше планирано да се одржи погребна литургија во спомен на бугарските војници загинати во борбите за национално обединување.

Би можело да ве интересира

Ковачев за одлуката на Бундестагот: Македонија е толку несигурна за нејзините идентитет и јазик, што мора да побара некој да и ги признае

A1on

Црните списоци за Бугари ги иницирал Пендаровски, обвини европратеникот Ковачев

A1on

Амабасадорката Агнеза Поповска повикана во бугарското МНР

МНР му одговори на Ковачев: Европратеникот патувал заедно со лица кои биле ризик за МВР, затоа бил вратен од граница

A1on

(ВИДЕО) Андреј Ковачев: Ќе зборуваме за ново вето откако ќе го чујам објаснувањето на Скопје

A1on