Груби за реакциите на Антикорупциска: Има непребол што не ги добија канцелариите во кои седам со Ахмети

Од:

Во однос на реакцијата на ДКСК дека тој ги користи канцелариите во Министерството за политички систем за партиски средби со лидерот Али Ахмети, Груби рече дека од Антикорупциска има мал непребол затоа што не го добиле канцелариите.

– Али Ахмети е пратеник во Собранието и јас сум во секојденвен контакт со него, секојдневно се среќаваме, имаме состаноци со премиерот, со други членови на политички партии кои се дел од мнозинството. Не гледам дека е проблем, но ако е голем проблем ќе видиме да не се повтори ова – рече Груби.

Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на министерството често пати ги употребува за одржување на состаноци за партиски цели.

– Фотографи и линкови од фејсбук профилот на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство, рече Ивановска.

Имајќи предвид дека ваквото однесување не е во согласно со кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Тој се пожали и за својата плата која и покрај покачувањето била најниска.

– Имам најмала плата од сите вицепремиери и е многу помала од моето претходно работно место, но е согласно Законот и навистина е добро што уставен суд не донесе ретроактивна одлука затоа што до 2011 година е замрзнат коефициент – додаде Груби чија плата е некаде околу 2.000 евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција