38-годишната Аисија Синта Деви загина на аеродром во Индонезија откако насилно отворила погрешна врата од лифтот и паднала во отвор.
Жената се качила со лифтот на вториот кат додека била на пат да ја пречека својата внука во местото за пријавување на аеродромот Куаланаму во Медан на 24 април. Влегла во лифтот на аеродромот пишувајќи на мобилниот телефон, а потоа останала збунета бидејќи вратата во која влегла не се отворила кога лифтот застанал.
A woman has plummeted to her death at an Indonesian airport after forcing open the doors to a lift and falling down the elevator shaft.
Aisiah Sinta Dewi, 38, rode the lift onto the second floor while she was on her way to meet her niece at the pic.twitter.com/rXUIPaSItN
— MassiVeMaC (@SchengenStory) May 2, 2023
Незнаејќи дека зад неа се отворила друга врата, таа почнала избезумено да ги притиска копчињата за итни случаи додека се обидувала насилно да ги отвори вратите на лифтот.
Потоа, наводно и се јавила на нејзината внука да и каже дека е заробена додека продолжила да ја турка затворената врата. Набрзо се отворила и жената излегла и паднала низ отворот.
Семејството на жената побарало од персоналот на аеродромот да ја бара откако изгубиле контакт со неа, но не можеле да ја најдат на терминалот на аеродромот.
Таа била пронајдена дури три дена подоцна, кога почна да се шири миризба во делот кај лифтот и персоналот бил повикан да види што се случило.