За време на снимањето на анкета како дел од прилогот за Белградска хроника, нападната е екипата на РТС. Во таа прилика е оштетена камерата. Новинарот и снимателот дадоа свои изјави во полиција.
Ниту еден од членовите на тимот не е повреден. Новинарот на РТС ѝ опишал на полицијата како се случил инцидентот додека снимале прилог за 1 Мај во улицата Првомајска во Земун.
За време на репортажата, непознат маж им придеј и почна да ја навредува екипата на РТС.
Тој продолжи со навредите и откако тимот тргна да си оди им се закани дека ќе им ја „скрши главата“ со стаклено шише со кое замавнуваше.
Екипата се сокри зад блиските паркирани автомобили, а напаѓачот кој го нападнал снимателот ја зема камерата и ја фрли на бетонот.
Еден од членовите на екипата пришол да му помогне на камерманот, по што напаѓачот се оддалечил.