Папата Франциск рече дека би сакал да се сретне со рускиот православен патријарх Кирил.
„Со патријархот Кирил разговарав само еднаш по почетокот на војната, 40 минути… Средбата со Кирил, која требаше да ја одржиме во Ерусалим (јуни минатата година), беше одложена поради војната, но треба да да се одржи“, рече поглаварот на Римокатоличката црква на прес-конференција на пат од Унгарија, каде што беше во апостолска посета.
Папата истакна дека врската со рускиот патријарх ја одржува преку митрополитот Антониј, кој е нов раководител на одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
Во меѓувреме, претседателот на Светската унија на старo-верници, Леонид Севастијанов, за Спутник изјави дека папата Франциск ја повикал Украина да се откаже од офанзивата и изразил подготвеност да помогне во организирањето на преговорите.
„Папата Франциск ги повикува страните во украинскиот конфликт да се откажат од офанзивните обиди и да седнат на преговарачка маса. Желбите на страните можат да се остварат само на преговарачка маса, а невозможно – на бојното поле… Тој е подготвен, доколку има желба, во секое време да ги испрати своите преговарачи во Киев и Москва за да помогнат во почетокот преговарачкиот процес“, рече Севастијанов.