Католичката црква во Бугарија на папата ќе му подари копија од иконата на Света Богородица од Несебар

Од:

Католичката црква во Бугарија на папата Френциско ќе му подари копија од иконата на Света Богородица од Несебар или Несебарската Дева Марија за време на неговата посета на таа земја, соопшти монсињор Христо Пројков- апостолски егзарх и претседател на Епископската конференција на Католичката црква во Бугарија.

dobivaj vesti na viber

– Копија од иконата на Света Богородица од Несебар секогаш носел со себе Анџело Џузепе Ронкали, кога бил во Бугарија како апостолски легат во текот на минатиот век – од 1925 до 1934 година. Подоцна стана папа Јован 23-ти, и секогаш бил со оваа икона – до последниот ден од животот, објасни епископот Пројков.

Тој посочи дека иконата ја прикажува Богородица како Небесна заштитничка, и тоа ќе биде официјалниот подарок за папата Френциско од Католичката црква во Бугарија.

Мотото на апостолското патување на папата Франциско во Бугарија од 5 до 7 мај го носи насловот на енцикликата на свети папа Јован 23-ти „Мир на земјата“ (Pacem in terris) Тоа е енцикликата која ја напишал Ронкали и која до денес е актуелна, истакна монсињор Пројков. Тој нагласи дека на тој начин папата Франциско „оди по стапките на Анџело Ронкали во нашата земја и го прифаќа насловот на енцикликата `Мир на Земјата ` за мото на неговата посета на Бугарија“.

Би можело да ве интересира

Почнуваат консултациите за формирање нова бугарска влада

Ана Ололовска

Паси: НАТО и ЕУ ја поддржаа Бугарија за нејзината одлука да протера 70 руски дипломати

Ана Ололовска

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ

Анита Петровска Рајковиќ

Владата може сама да го прифати предлогот без Собрание – детали од брифингот со Ковачевски, Османи и Маричиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Руската амбасадорка во Бугарија ќе предложи затворање на амбасадата во Софија

Катерина Павлова-Николовска

Асен Василев е кандидат за нов премиер на Бугарија