Зеленски: Ќе си го вратиме Крим

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека верува во успехот на претстојната контраофанзива на украинските сили и дека полуостровот Крим ќе и биде вратен на Украина.

Зеленски во интервју за медиумите од нордиските земји рече дека успехот на Украина зависи од испораката на оружје од Запад, пренесува финската телевизија.

Според Зеленски, руските војници секојдневно губат мотивација.

Претседателот на Украина не ги откри деталите за контраофанзивата, која според медиумите би можела да започне на пролет или почетокот на летото.

Сепак, Зеленски предупреди и на можноста војната да продолжи со години или децении.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он