Деветтоодделенец во ОУ „Штампар Макарије“ во Подгорица е тешко повреден откако, како што пишува „Вијести“, бил нападнат од родителот на неговата школска другарка и неговите другари.
Според информациите на „Вијести“, момчето наводно уценувало училишна другарка, а нејзините родители пред неколку дена дошле да го предупредат, но немало ефект.
Родителот на девојчето и неговите пријатели се приведени на информативен разговор.
Директорот на училиштето Новица Гачевиќ за порталот Parents.me изјавил дека инцидентот се случил во близина на дворот, но дека училиштето до денеска немало информација дека има некаков проблем меѓу девојчето и момчето од деветто одделение.
Според него, ниту нивните родители не ги известиле дека има некаков проблем.
Гачевиќ рече дека момчето и претходно имало проблематично однесување, но дека ништо не знаеле за уцена. Тој изјави дека проблемот меѓу децата кулминирал последните денови.
-Тој и побарал пари, а таа како што дознавме му дала одредена сума за да избегне да ги објави тие фотографии или да ги испрати некому. Слушнавме дека таткото на девојчето, кога дознал за тоа, побарал од него да ги избрише фотографиите и да ги врати парите, но тој не го сторил тоа – рекол Гачевиќ.
Според неофицијални информации, во нападот врз ученикот била употребена и палка.
По интервенција на полицијата учесниците во конфликтот се однесени на распит и во Клинички центар, а на повредените им биде укажана лекарска помош.
Полицијата се уште не стапила во контакт со училишната управа, а делот каде што се случил инцидентот се наоѓа во близина на дворот и, како што рече Гачевиќ, нема видео надзор.