Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски со прашалник кој повеќе личи на училишен тест објавен на социјалните мрежи како личен став му одговори на Борко Ристовски на денешната најава дека ќе биде тужен во Лозана.
„Личниот став на Димевски“ е всушност анкета со пет прашања за Борко Ристовски со кои јавноста и новинарите треба да искажат мислење за македонскиот ракометен голман.
Димевски прашува колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува, клевети и се заканува на се и секого, а прашува и за политичката агенда на Ристовски.
Димевски пред да стане претседател на МОК, беше советник за спорт на премиерот Зоран Заев, претседател на КФМ и творец на ваучер-системот за кој сега го обвинува претседателот на АМС, Наумче Мојсоски дека го злоупотребува.