Високиот комесар на ОН за права на човекот Нави Пилај денеска повика одново на преговори за прекин на сирскиот конфликт истакнувајќи дека „одговор со воени средства крие опасност од разгорување на регионален конфликт“.
Пилај изјави дека нема никакво сомневање за употреба на хемиско оружје во Сирија и треба да биде разјаснето и за одговорноста за употребата на тој вид оружје. Според неа, станува збор за едно од најтешките злосторства.
– Таа ужасна ситуација бара соодветен одговор на меѓународната заедница, но одговор со воени средства крие опасност од разгорување регионален конфликт, изјави Пилај.
– Државите заедно со ОН треба да најдат начин да ги натераат страните во конфликтот да седнат на маса за преговори и да се запре крвопролевањето, додаде таа.