Третпат одбиена одлуката за купување нови автобуси, Арсовска ќе ја предлага на секоја седница на Советот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска уште еднаш ја потврдија нивната владејачка коалиција, која очигледно е актуелна и во Советот на град Скопје велат од Град Скопје.

– Она што јавноста треба да го знае е дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои годишно земаат скоро половина милион евра во паушали, третпат ја одбиваат одлуката за купување на нови, модерни и еколошки автобуси кои треба да го заменат стариот возен парк на ЈСП Скопје, но и да понудат европски стандарди во јавниот превоз. За жал, очигледна е потребата на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го кочат напредокот на градот, како што тоа досега го правеа и со државата. Ја кочат секоја одлука која не е нивна иако е во корист на граѓаните. За овие две вледејачки партии, единствен интерес се процентите и тендерите. Оваа одлука не ја гласаат единствено поради тоа што се оневозможени повторно да прават криминал. Предлог одлуката за купување на нови еколошки автобуси ќе биде предложена на секоја следна седница на Советот. Се надеваме дека партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се вразумат и ќе одлучат во корист на граѓаните на градот Скопје се наведува во соошштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Горан Наумовски

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска во суд раскажа детали за нападот: траеше 40 минути, не извлекуваше интервентна полиција