Кузеска: Хајката на Мицкоски против коридорите е политичка, нема да дозволиме нов хаос како со Кичево- Охрид

Од:

Хајката којашто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел е од политички и лукративни причини рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Прво, хајката што ја води партија во целосно заложништво на проруската Левица е базирана на лаги и невистини. Второ, партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните. Ниту еден автопат ВМРО-ДПМНЕ нема направено. Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од носителот на криминалот Никола Груевски зела кредит од 411 милиони евра за изградба на автопатот Кичево – Охрид и иако кредитот е земен, а парите потрошени автопатот, не беше ниту далеку од направен. Имаше нецелосен и промашен проект, со промашени и нецелосни геомеханички испитувања, проект со лошо проектирани косини, усеци и тунели за кои беше потребно да се репроектирааат. Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот вели Кузеска.

Таа рече дека во државата се реализира најголемиот инфраструктурен проект вреден 1,3 милијарди евра од страна на реномирана американска компанија, со сосема нов пристап од она што досега сме го гледале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски