Млад човек се самозапали пред американската амбасада во Копенхаген

Од:

18-годишен маж се самозапали пред американската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, соопшти полицијата.

Данскиот државјанин е пренесен во болница и е свесен, објави полицијата на Твитер. Неговата состојба е стабилна, објавија медиумите.

Данската новинска агенција Рикау објави дека персоналот на амбасадата во областа Остербро ја известил полицијата за инцидентот утрото.

Засега не се познати причините за чинот на младиот човек.

Би можело да ве интересира

Пожар во Копенхаген, гореше зградата на Министерството за финансии

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Оставка на градоначалникот на Копенхаген по обвинувањата за сексуално вознемирување

Жарко Настоски

Престрелка во Копенхаген: Ранети двајца полицајци и еден цивил

Копенхаген: Кралскиот град со комуна без струја, асфалт и марихуана низ дворовите

Емир Латифовиќ