Реакцијата на Орбан за влезот на Украина во НАТО: „Што?“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со изненадување реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека на Украина и е место во Алијансата.

Тој напиша еден единствен збор на социјалната мрежа Твитер: „Што? За време на посетата на Киев, Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина го заслужила своето место во евроатлантското семејство со тоа што го поканил да присуствува на самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули во Вилнус.

Сепак, Унгарија, која исто така е членка на Алијансата, во повеќе наврати објави дека е против идејата Украина да стане дел од тој воен блок.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, неодамна изјави дека Будимпешта нема да поддржи ниту еден чекор поблиску на Украина до НАТО и самата ЕУ, додека Киев не ги врати целосно малцинските права на Унгарците.

Притоа, тој рече дека на иницијатива на Унгарија и Романија, Советот на Европа донел одлука да се обрати до Венецијанската комисија во врска со состојбата на малцинствата во Украина и изрази надеж дека Киев ќе биде принуден да реагира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија