Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на С. Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат

Од:

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Северна Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.

Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.

– „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

Би можело да ве интересира

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Брнз: Целата помош што ќе биде собрана, ќе се намени за семејствата на жртвите во пожарот во Тетово

Ана Ололовска

Дваесет и шест години дипломатски односи со САД

А1он

Виртуелна изложба во Амбасадата на САД за обиколка низ 245 години американска историја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нов ракетен напад врз американската амбасада во Ирак

Жарко Настоски

Американската амбасадорка Брнз: Од новата влада очекувам продолжување на соработката на евроатлантскиот пат

Жарко Настоски