Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Од:

Студентски отпор преку писмено соопштение демантира дека нивни претставници биле на средба со пратенци на ВМРО – ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк.

„Јавноста ја информираме дека ова е само еден патетичен обид да се дискредитира и партиски да се обои движењето Студентски отпор! Луѓето што присуствуваа на таа средба не се наши членови, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО – ДПМНЕ, односно УМС.

Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија“, велат од Студентски отпор.

„Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко“, додаваат од Студентски отпор.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

A1on

Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Ана Ололовска

Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска