ВИДЕО: Мистериозен блесок над Киев, се огласи НАСА

Од:

Мистериозен блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации, пишува Би-би-си.

Синоќа на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа. Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот. Тие ги повикаа жителите да останат во засолништа. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека е забележан „силен блесок на светлина“ над областа, но „не се слушнала експлозија“.

Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-Би-Си дека нивниот сателит се уште е во орбитата. Украинските воздухопловни сили сугерираат дека блесокот би можел да биде метеорит. Како и да е, воздухопловните сили изгледаат уверени дека блицот не бил резултат на руски напад.

Светлечкиот објект е забележан на небото над главниот град околу 22 часот по локално време (21 часот по наше).

Активирана е тревога за воздушен напад, но „воздушната одбрана не беше активна“, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев. „Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата“, изјави Попко.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.

Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот сè уште бил во орбитата кога бил забележан блесокот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во текот на ноќта. НАСА и американското Министерство за одбрана продолжија да го следат RHESSI, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски