Славко Жарков
Животниот стандард во секоја држава во светот ја претставува основната благодет и мерилото за внатрешната политичка благосостојба, сочинета со глобалната примена на внатрешната политика, која ја применува одредената држава.
Тој, животниот стандард, игра значајна улога во креирањето и одвивањето на надворешната политика, но и во одредувањето на местото и улогата на државата во меѓународните односи. Македонија, како релативно млада самостојна држава, има низок животен стандард со висока стапка на невработеност од дури 12,5 % во 2010 година и ниски примања од вкупниот годишен бруто домашен производ. Но, важното прашање е, како да ние, граѓаните и граѓанскиот сектор, придонесеме за подобрување на животниот стандард во корелација, или не со политичката елита?
Осамостојувањето на Македонија беше преточено уште од самиот почеток со големи тешкотии, борби за подобра економска позиција и борби за признавање на суверенитетот и единственоста на Р.Македонија.
Југословенската народна армија ги повлече своите трупи не оставајќи никакви воени и економски добра од воено-политички аспект. Во втората година од осамостојувањето, Македонија доби ембарго од Р.Грција поради позицијата за името, што остана како конфликтно прашање кое создава многу проблеми за интеграцијата на Македонија до ден денешен.
До 1997 година, може да се рече дека се најпродуктивните и најтешките години на младата македонска историја, кога добивме меѓународно признавање од некои држави кои се од карактеристично значење и станавме членка на ОН. Тоа ни помогна да добиваме економски средства од многу меѓународни фондови , за развивање на нашата држава и поминување низ транзицискиот период.
Но, штотуку помисливме дека нашата држава, влегува во оној, постранзициски период, внатрешните и сите други фактори и влијателни чинители, покажаа дека сме на средината на долгиот и болен транзициски период. Еден од факторите беше и индикаторот за низок животен стандард, малата количина на потрошувачка, домашна кошница и намалениот БДП од увозот и извозот.
Во почетокот на новиот милениум, паѓајќи во конфликтот од 2001 година, како и сите држави од бившо-југословенските територии од 90- те, и Македонија западна во тешка економска позиција, од што страдаа сите жители на територијата на Македонија.
Со Охридскиот Рамковен договор, писмено се договори политичката елита да допринесе за подобрување на многу стратешки позиции и добродетели, меѓу кои беше и подобрување на животниот стандард во државава. Сепак, нееднаквата позиција и различното гледање на „татковците на државата“ за клучното прашање за добросостојбата на Македонија, го доведе транзицискиот период до мртва точка, а животниот стандард остана на опаднато ниво.
Менувањето на политичките елити и нивниот различен пристап кон ова прашање, допринесе и меѓународните фактори да престанат со помош за потпомагање на буџетот, а со тоа и за подобрувањето на животниот стандард. Во 2008 година семејната потрошувачка кошничка изнесуваше околу 17% , а странските инвеститори гледаа оддалеку на нашата држава.
По две години, со новите пакет мерки „се намали“ таканаречената невработеност, но животниот стандард продолжи да паѓа во бездната, без никој од политичката елита или од граѓанската свест да подаде рака на паднатиот животен стандард.
Во денешницата вкупниот годишен БДП е на многу ниско ниво, иако секојдневно има странски инвестиции преку малите екрани, а семејната потрошувачка кошница е значително незадоволителна, не дозволувајки му на обичниот граѓанин да живее достоинствен живот според правата загарантирани за зачувување на човечкиот интегритет.
Проблемот со политизираноста го достигна највисокото ниво на злоупотреба, а секојдневните предизвици на граѓаните за преживување на денот, го прави прашањето за животниот стандард во Македонија едно од најприоритетните прашања.
Многу поврзани и неповрзани организации, како и многу невладини организации секојдневно се борат за подобрување на нерешливиот натежнат проблем над нашата држава.
Но, без заедничка партиципација и сооднос со политичката елита и граѓаните и граѓанскиот сектор, овој проблем никогаш не би го разрешиле. Затоа, граѓанскиот сектор, мора да се разбуди од долгиот дваесет и три годишен сон и буквално со политичките елити и странските и домашните фактори да направи силни и големи чекори за подобрување и издигнување на нашиот пренизок животен стандард, градејки ја економијата и дигајќи го вкупниот БДП со увозот и извозот на Македонија.
Авторот е аналитичар во онлајн магазинот „Револуција“.