Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Од:

Повеќе од половина од Британците не веруваат дека крунисувањето на кралот Чарлс треба да биде финансирано од владата, според новата анкета.

Анкетата две недели пред крунисувањето покажа дека 51 отсто од возрасните испитаници веруваат дека владата не треба да ја финансира церемонијата на крунисувањето.

Речиси една третина од испитаниците, 32 отсто сметаат дека треба, а 18 отсто рекле дека не знаат.

Се очекува крунисувањето на кралот да чини милиони фунти и даночните обврзници треба да ја платат сметката.

Крунисувањето доаѓа во време кога Велика Британија се соочува со криза предизвикана од зголемените трошоци за живот и штрајкови на лекарите, наставниците и другите јавни службеници поради ниските плати. Критичарите ја окарактеризираа церемонијата како губење пари на даночните обврзници.

Според некои непотврдени предвидувања, крунисувањето би можело да ја чини британската нација меѓу 50 и 100 милиони фунти.

Крунисувањето на кралицата Елизабета чинело 912.000 фунти во 1953 година, што е 20 милиони фунти во денешни пари. Дедото на Чарлс беше крунисан во 1937 година, а крунисувањето чинеше 454.000 фунти или 24,8 милиони фунти во денешни пари.

Чарлс ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија на раскошна церемонија според илјадагодишната традиција на која се поканети многу шефови на држави и влади и високи личности.

Крунисувањето ќе биде придружено со најголемата воена церемонија во последните 70 години, со повеќе од 6.000 мажи и жени од вооружените сили кои ќе учествуваат на историскиот настан за кралското семејство.

Би можело да ве интересира

Крунисувањето на кралот Чарлс чинеше 86 милиони еврa

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Голема промена во Бакингемската палата

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски