Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам, Елена Петрова (29), зазема учество на меѓународното издание на UCI Gran Fondo 2023, кое изминатата сабота се одржа во хрватскиот град Умаг.
Во силна конкуренција на учеснички од 25 држави, нашата претставничка успеа да ја заврши 120км долгата патека на 2-то место во категорија жени од 19 до 34 години. Со овој одличен пласман Петрова се квалификуваше на овогодинешниот Светски UCI Gran Fondo, кој ќе се случува во август во Глазгов – Шкотска.
„Навистина сум среќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со дрес на национален шампион гордо да застанам на подиумот. Трката во Истра беше тешка, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 2 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и мотив за возбудлива натпреварувачка сезона. Благодарност до мојот матичен клуб Инвиктус и Велосипедската федерација на Македонија“, додаде Елена Петрова после прогласувањето на победниците.