Британката Ајрис Мохамед (83) неодамна ја прослави втората годишнина од бракот со својот сопруг Мохамед Ахмед Ибрихам од Египет. Двојката се запознала на Фејсбук, во група за атеисти.
– Љубовта не се одредува според возраста или потеклото. Јас избрав Ирис, а Ирис мене – објасни Мохамед во едно од видеата во кои брачната двојка го открива својот љубовен живот.
Двојката ја прослави втората годишнина од бракот, а Мохамед изјави дека секој ден се повеќе ја сака Ирис.
Многумина јМохамед го нарекуваат играчката на Ирис, поради големата разлика во години, што нему многу му пречи.
– Не ме нарекувај играчка, јас сум човек, човек. Кому му пречи нашата љубов, може да оди во пеколот – рече налутено.
Освен што Ирис и Мохамед добиваат негативни коментари поради нивната разлика во години, многумина се убедени и дека Мохамед е со неа поради пари и визата за Англија. Тој доби тригодишна виза во 2021 година, а тврди дека не е со Ирис од погрешни причини.
– Би живеел со неа во Англија или Египет, каде сака. Сите не напаѓаат, а јас само сакам да бидеме заедно, каде и да е тоа – изјави тој за Mail Online.
Двојката ги објавува своите вљубени видеа на YouTube, каде следбениците можат да ги видат како ги поминуваат деновите заедно.
Покрај негативните коментари, има и такви кои се воодушевени што гледаат толку поинаков пар, па под видеото ги пишуваат своите пофалби.
– Многу сте слатки заедно, одлично се совпаѓате.