Мицкоски: Пендаровски го амнестира криминалот на Владата, нека не ги потпишува штетните закони за коридорите

Од:

Сакам да потенцирам дека тоа што Пендаровски го кажува практично ги амнестира за потенцијалниот криминал владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ за криминалот кој ќе го прават за изградбата на коридорот 8 и коридорот 10д. Процесот се води нетранспарентно, јавноста го нема договорот на увид, не знае што крие тој договор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изјавата на Пендаровски во однос на сомнежите за криминал со изградбата на коридорите.

Мицкоски потенцираше дека во медиумите излегуваат делови каде приватниот партнер си го штити својот интерес и тоа што не е нормално владата наместо интересот на граѓаните и државата го штити интересот на приватниот партнер.

– Сега излегуваат со некакви соопштенија каде што велат дека не се тоа пенали, туку биле дополнителни трошоци. Човек да не може да се изначуди на нивната глупост на отворена сцена. Затоа го имаме Пендаровски кој во улога на аналитичар се служи со народни мудрости, наместо да каже што ќе преземе. Јас го повикувам да не се крие позади Собранието и да излезе да се одважи и тие законски решенија кои ќе дојдат кај него да не ги потпише. Да не го суспендираме правниот поредок во државата и Уставот и еднаш во овие пет години како претседател да одработи во интерес на граѓаните и државата, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Пендаровски со вакви изјави не престанува да се нуди на владејачката коалиција СДСМ, ДУИ и останатите мислејќи дека ќе биде повторно претседателски кандидат.

– Морам да го разочарам дека тој е најпосакуваниот противник за опозицијата на следните претседателски избори бидејќи сигурно ќе доживее дебакл од граѓаните и ќе изгуби, така што сите овие гимнастики и салта на отворена сцена не му доликуваат и не му личат бидејќи сепак некакво портфолио на политичката сцена и треба достоинствено уште овие неколку месеци да ги одработи и да замине во историјата како еден лош пример како треба еден претседател да се однесува на една држава, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

А1он