Николоски: Дури и Владата да ги донесе законите за работни часови, ќе плати 53 милиони евра пенали за ништо

Од:

Откако Владата ги потврди моите наводи дека доколку не се воведе 60 часовна работна недела Македонија ќе плаќа огромни пенали или „дополнителни трошоци за изведба“ како што ги нарекува Владата, напиша на својот фб профил, Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Би сакал со јавноста да го споделам документот во кој се наведени пеналите/трошоците кои ќе ги платат сите граѓани:

– минимум 53 милиони евра еднократно

– 2 165 000 евра секој месец!

Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 ДЕНА по потпишување на договорот со Бехтел и Енка!

Исто така пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра ЌЕ СЕ ПЛАТИ!

Договорот Влада – Бехтел и Енка беше потпишан на 8ми Март, а 45 дена поминуваат на 22ри Април! Тоа значи дека на 23ти Април сите граѓани на Македонија ЗА НИШТО ќе треба да платат 53 МИЛИОНИ ЕВРА!

Ова не е само основ за ОСТАВКА на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не им бегаат!“, вели Николоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти