Си и Макрон: Мировните разговори се приоритет

Од:

Денеска е последниот ден од официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Кина. Европското дуо денеска ќе отпатува за Гуангжу на југот на Кина, каде ќе се сретне со студенти.

Макрон вчера го повика својот колега Си Џинпинг да ја „разуми Русија“ за војната во Украина и да не испраќа оружје во Москва. Францускиот претседател, кој пристигна во Пекинг во средата, јасно стави до знаење дека сака да ја одврати Кина да ја поддржи руската инвазија на Украина.

„Подготвени сме да повикаме на преговори што е можно поскоро“

„Знам дека можам да сметам на вас да размислувате со Русија и да ги доведете сите страни на преговарачка маса“, му рекол Макрон на Си за време на билатералната средба. Си, пак, по средбата изјави дека е подготвен да повика што поскоро обновување на преговорите заедно со Франција.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски