Си пуши и си ужива – запомнете го овој ден порача Груби

Од:

Фотографијата на која лидерот на ДУИ, Али Ахмети си ужива во пушењето на цигара, на Фејбук ја објави неговиот најблизок соработник, вицепремиерот Артан Груби. Под фотографијата напиша:

„Една цигара за ќеиф вечерва, со чадот нагоре. Запомнете го пријатели овој ден“.

Кому Груби и Ахмети му испраќаат порака дека Лидерот на ДУИ си пуши и си ужива безгрижно и „мува  не го лази“ Ахмети, не е познато.

Објавата доаѓа ден по камен – темелникот удрен за коридорот 8 за која најмногу се залагаа токму Ахмети и Груби.

Вакви двосмислени пораки во последно време Груби често објавува.

Би можело да ве интересира

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор