САД: Убивме припадник на ИСИЛ кој планираше терористички напади во Европа

Од:

САД спроведоа воена операција во која е убиен еден од командантите на Исламската држава во Сирија, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Калид Аид Ахмед ал Џабури бил одговорен за планирање на нападите на Исламската држава врз Европа и за развој на раководната структура на оваа терористичка организација, се вели во соопштението на американската војска, пренесува Ројтерс.

Во нападот, кој беше извршен во понеделникот, нема загинати или повредени цивили, објави ЦЕНТКОМ и нагласи дека Исламската држава „продолжува да претставува закана во регионот и пошироко“.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија