„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

Од:

Во Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании: „Виз Ер“ и „Луфтханза“.

Како што информира Министерството, Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

-Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија, наведува Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

Виз Ер од декември воведува летови од Скопје до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд

А1он

„Визер“ постепено ги враќа летовите од Скопје од пред пандемијата

Жарко Настоски

„Визер“ суспендира летови од поранешна Југославија, најголем број откажувања од Скопје

А1он

„Визер“ ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Македонија

А1он