„Визер“ ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Македонија

Од:

Авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air), најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30 мај.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети“, стои во соопштението на авиокомпанијата.

Од „Визер“ се извинуваат за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување.

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

Виз Ер од декември воведува летови од Скопје до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд

А1он

„Визер“ постепено ги враќа летовите од Скопје од пред пандемијата

Жарко Настоски

„Визер“ суспендира летови од поранешна Југославија, најголем број откажувања од Скопје

А1он

ВИДЕО: Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Наум Локоски