На летот од Тексас до Калифорнија се случи необична свадба.
Пар од Тексас докажа дека свадбата не мора да биде на копно со традиционални обележја, како венчаница и костум. Тие организираа свадба на лет од Остин, Тексас до Оукленд, Калифорнија со помош на екипажот на летот.
Тамара Богети, патничка во авионот, рече дека невестата и нејзиниот иден сопруг се качиле во авионот со торба во која очигледно имало венчаница.
„Околу еден час по летот, стјуардесата и пријде на жената и ја замоли да дојде со неа до задниот дел од авионот“, изјави оваа патничка и очевидец на целиот настан. Невестата потоа отишла низ авионот кај нејзиниот вереник. Дури и венчавката во авион не би била толку необична доколку невестата наместо класичен фустан не носи тоалетна хартија.
На видеото снимено од патничката Тамара, невестата се гледа како оди со превез од тоалетна хартија и импровизиран бидермаер, исто така од хартија, додека околу неа се обвиткани долги бели ленти.
“Тие направија кратка лажна церемонија. Беше толку забавно и креативно. Ги „разнесе“ сите во авионот”, додаде таа.