Пратениците од редовите на проруската, екстремно десничарска Партија на слободата (ФПО) излегоа од Долниот дом на австрискиот парламент за време на денешниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие посочија дека ова е чин на протест бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија.
Во видео обраќање, Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е деминирањето. Поради сопствената неутралност, Австрија не се вклучи повеќе во конфликтот, па и покрај тоа што дава политичка поддршка, се уште не може да испрати оружје на украинската армија, која се соочува со руска инвазија, пренесува Ројтерс.
Die Abgeordneten der FPÖ verlassen bei den ersten Worten des ukrainischen Präsidenten Wolodymyr Selenskyj ihre Sitzplätze, stellen dort Schilder mit der Aufschrift „Platz für Frieden“ und „Platz für Neutralität“ auf. #OeNr pic.twitter.com/xgkzOtZig5
— Maximilian Werner (@MaxlWerner) March 30, 2023
ФПО со денови предупредува дека ќе одржи некаков вид на протест против обраќањето на Зеленски. Претставниците на партијата присуствуваа на почетокот на говорот на украинскиот лидер, а потоа ја напуштија салата. „Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата постојана неутралност, а со тоа се залага и за мир“, рече во вторникот претседателот на ФПО, Херберт Кикл.
Од петте партии во парламентот, ФПО има трето место по број на места во Долниот дом. Во моментов има мала предност во анкетите пред опозициските социјалдемократи и конзервативците на канцеларот Карл Нехамер, кои владеат во коалиција со левичарските Зелени. Сегашното состав на парламентот има мандат до есен следната година.