Велепредавство ќе биде обидот на Светиот синод да се смени името на МПЦ, предупредуваат верниците од Германија

Од:

Црковната општина „Света Троица“ од Келн, Германија објави декларација од десет точки која треба да ја потпишат православните македонски иселеници за да се спречат, како што велат, притисоците за менување на името и статусот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

„Драги браќа и сестри Македонци и Македонки. Во прилог објавуваме декларација составена од десет точки. Со потпишувањето на оваа декларација би ја поддржале нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, како не би подлегнала под притисоците што се вршат врз неа за да го промени уставот и името.

Затоа како црковна општина надвор од Македонија, ја поддржуваме оваа акција и ве замолуваме да ја потпишете оваа декларација и да ја предадете во нашата црковна општина.

Потпишаните декларации ќе бидат испратени до организаторот и истите ќе бидат предадени на Синодот на МПЦ – Охридска Архиепископија. Никој нема право да го менува името, статусот и достоинството на МПЦ-ОА, бидејќи тоа е антихристијански и антиисториски !“, стои во објавата на МПЦО „Света Троица“, Келн.

Во објавата за декларацијата за МПЦ-ОА, црковната општина не открива кој врши директни притисоци врз МПЦ-ОА, но во првата точка од декларацијата општината вели дека ќе го смета за велепредавство секој обид на Светскиот синод за промена на името статусот.

„Го отфрламе секој обид на Светиот архиерејски синод и на Црковно-народниот собор за промена на Уставот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со цел промена на нејзиното име, статус и достоинство, како велепредавство на МПЦ-ОА, македонскиот народ и државата Македонија!“, е првото барање до декларацијата.

Овие реакции на македонските иселеници кои се верници на МПЦ-ОА доаѓаат по неколку признавања на автокефалноста на МПЦ од страна неколку православни цркви под името „Православната црква на Северна Македонија“ без да се спомне името Охридска архиепископија.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски