ВИДЕО: Ван дер Белен пречекан со највисоки државни и воени почести во Скопје

Од:

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека неговиот австриски колега Александер Ван дер Белен, кој во придружба на сопругата Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на земјава.

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Теми на разговор, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција. 

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска