Утрово на Попова Шапка е измерена најниска темепратура од -9 степени. Следат Маврови Анови, Крушево и Лазарополе со -3 , -1 во Крива Паланка, 0 Берово, 1 Охрид, Прилеп, Претор и Виница, 2 Битола и Тетово, 3 Штип, 4 во Струмица, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 5 Дојран и 7 степени во Гевгелија.
За изминатите 24 часа до 08 часот утрово (во l/m2) најмногу дожд има во Охрид со 31 литар на м2, 23 во Маврови Анови, 19 Претор, Крушево 16 Битола, 15 Прилеп, 11 Виница, 10 Пожаране, Тополчани, 9 Струмица, 8 Штип, Демир Капија, Попова Шапка, Охрид, 7 Тетово, 5 Куманово, Крива Паланка, 4 Дојран, 3 Скопје – Зајчев Рид, Ѓуриште, Гевгелија, 2 Скопје – Петровец и 1 л/м2 во Берово.
На Попова Шапка во 8 часот, се измерени 3 см снежна покривка
Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во раните претпладневни часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, особено во источните делови и долж Повардарието (локално над 80 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и судено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.